|
|

ОДОБРУВАЊЕ НА ТИП НА ВОЗИЛО

Постапката Одобрување на тип на возило на четири и повеќе тркала се врши согласно со одредбите од Правилникот за одобрување на нови моторни и приклучни возила и системите, составните делови и самостојните технички единици наменети за таквите возила (Службен весник на Република Македонија бр.132/2009).

Постапката Одобрување на тип на возило на две и три тркала (вклучително на квадрацикли) се врши согласно со одредбите од Правилникот за одобрување на тип на моторни возила на две и три тркала (Службен весник на Република Македонија бр.131/2009).

Постапката Одобрување на тип на земјоделски и шумски трактори, нивни приколки и приклучни машини се врши согласно со одредбите од Правилникот за одобрување на земјоделски и шумски трактори (Службен весник на Република Македонија бр.134/2009).

 

* Забелешка:

Комплетна документација за одобрување од производителот која може да биде во форма на поединечни одобрувања, или може да биде во форма на WVTA. Оваа документација може да се достави во печатена или во електронска форма, а е утврдена според


     ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:

  1. Известување од Бирото за метрологија. (Админстративната постапка за
    одобрување започнува со
    пристигнување на „Известување“ од Органот за одобрување - Бирото за метрологија).

  2. Бaрање за преглед на документацијата
    за одобрување и возило во постапка за одобрување на тип возило
    , во
    согласност со известувањето добиено
    од Органот за одобрување заверено со печат, архивски број и платена административна такса.

  3. Уредно пополнет информативен пакет
    за возилото

  4. Оригинал или заверена со печат и
    потпис копија од COC документ
    (за возилата за кои типот е одобрен согласно хармонизираните европски прописи - WVTA).*

ПОСТАПКА:

  • За да може да се спроведе оперативниот дел (прегледот на возилото), барателот задолжително треба да достави репрезентативен примерок од возилото наменето за одобрување. Возилото мора да биде чисто, деконзервирано, измиено и без заштитни фолии.

  • Возилото и приложената документација се прегледуваат и странката се известува за натамошните фази во постапката и начинот на кој ќе биде информирана за превземањето на готовите документи. Странката се информира за начинот на плаќање за извршената услуга. ЦЕНОВНИК

  • Со анализата се утврдуваат евентуалните отстапувања на прегледаното возило со документација и доколку се утврди разлика или отстапки кои се поради погрешни декларации дадени документацијата, барателот е должен да обезбеди соодветни документи.

  • Доколку со прегледот на документацијата и со прегледот на возилото се констатира дека постои целосна усогласеност со барањата за одобрување во постапката за оценка на сообразност за типот на возило ќе се издаде позитивен технички извештај до органот за одобрување, Биро за метрологија, во кој се потврдува дека единечно прегледаното возило ги исполнува пропишаните барања.

  • Во спротивно, доколку со прегледот на документација и со прегледот на возилото се констатира дека постои несообразеност дека прописите што ги исполнува возилото се пониски од бараните, резултатот на постапката е негативен и наодот се внесува во техничкиот извештај. Техничката служба до органот за одобрување доставува известување за негативниот исход на постапката во кое се наведeни причините за тоа. Известување за негативниот исхот на постапката се доставува и до подносителот на барањето.

 

ЗАБЕЛЕШКА:

Целокупната простапка за одобрување на возила се изведува во согласност со насоките дадени во Прирачниците за вршење стручни и технички работи, како и со важечките законски прописи кои ја уредуваат оваа област.

Странката може да пополни анкетен лист во врска со квалитетот на услугата. Анкетниот лист се наоѓа на шалтерот во приемната просторија.

Странката може да поднесе жалба во врска со работата на техничката служба.