СЕРТИФИЦИРАЊЕ ЗА ПОДГОТВЕНОСТ ЗА СООБРАЌАЈ (“CEMT”)
Сертифицирање за подготвеност за сообраќај се врши согласно одредбите од спогодбата на Европската конференција на министрите за транспорт, Советот на министрите - CEMT/CM, а според Спогодбата UNECE од 1997, или на UNECE консолидираната резолуција R.E.1 (TRANS/SC.1/294/Rev.5) со амандманите во 2001 (TRANS/WP.1/2001/25) или со соодветните амандмани, односно со консолидираната директивата 96/96/ЕС.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
Фотокопија од сертификатот од производителот на возилото со оригинал за увид;
Фотокопија од претходниот сертификат издаден од овластена Техничка служба со оригинал за увид;
Фотокопија од сообраќајната дозвола на возилото со оригинал за увид
ПОСТАПКА:
Возилото и приложената документација се прегледуваат и странката се известува за натамошните фази во постапката и начинот на кој ќе биде информирана за превземањето на готовите документи. Странката се информира за начинот на плаќање за извршената услуга. ЦЕНОВНИК
Доколку врз основа на извршените анализи се констатира дека постои усогласеност со барањата а подготвеност за сообраќај за моторни возила и приколки според CEMT/CM 2009, а согласно одредбите од Спогодбата CE UNECE од 1997, или на UNECE консолидираната резолуција R.E.1 (TRANS/SC.1/294/Rev.5) со амандманите во 2001 (TRANS/WP.1/2001/25) или со соодветните амандмани, или со консолидираната директива 96/96/ЕС, Техничката служба на барателот му издава документ “ЕСМТ сертификат за тестот на подготвеност за сообраќај за моторни возила и приколки“.
Во спротивно, доколку констатира дека возилото не ги исполнува пропишаните барања, техничката служба до барателот доставува известување за прекинување на постапката во кое се наведeни причините за прекинување.
“ЕСМТ сертификат за тестот на подготвеност за сообраќај за моторни возила и приколки“ се чува во возилото.
ЗАБЕЛЕШКА:
Целокупната постапка за одобрување на возила се изведува во согласност со насоките дадени во Прирачниците за вршење стручни и технички работи, како и со важечките законски прописи кои ја уредуваат оваа област.
Странката може да пополни анкетен лист во врска со квалитетот на услугата. Анкетниот лист се наоѓа на шалтерот во приемната просторија.
Странката може да поднесе жалба во врска со работата на техничката служба.