ЗА НАС
НАША ВИЗИЈА
Меѓународно распознатливо инспекциско тело во областа на машинството.
НАША МИСИЈА
Вршење на инспекција:
според прописите, домашните и меѓународните стандарди;
со примена на најновите достигнувања во методите и опремата за контрола;
НАША ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ
целосно исполнување на барањата на корисниците со почитување на законската регулатива и стандардите;
висок квалитет на секоја инспекција, за секој корисник;
реализација на инспекциската дејност без финансиски и политички влијанија;
применување, одржување и подобрување на системот за управување со квалитетот согласно со ИСО/ИЕЦ 17020;
однос со корисниците и Институтот за акредитација на Република Македонија базиран на взаемна доверба и почитување;
осигурување на независноста и непристрасноста на сите членови на инспекциското тело, како и непостоењето на конфликт на интереси кај нив;
постојано подобрување на квалитетот на инспекциите со усовршување на кадарот и воведување на нови методи и опрема за инспекција;
соработка и размена на искуства со други слични тела од областа;
осигурување на доверливост на информациите добиени од корисниците и заштита на нивните сопственички права;
Историјат
Техничката служба за возила своите активности ги отпочна паралелно со почнувањето на наставата по моторни возила на Машинскиот факултет во раните 70-ти години од XX век.
Дејности
Покрај апликативните активности кои ги реализираат во техничката служба, членовите на оваа служба се занимаваат и со следните дејности:
Персонал
Персоналот на техничката служба го сочинуваат 15 лица со просечно искуство во областа од 10 години.
Капацитети
Техничката служба за возила располага со објект од 2250 м2, сместен во рамките на кампусот на технички факултети на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”.